Критиките дадоа резултати: Роналдо се враќа во репрезентацијата!


1/8 финале: Италија и Германија фаворити, но ... ↓↓↓


Фудбалерот на Јувентус, Кристијано Роналдо, по Светското првенство не играше во дресот на Португалија, но неговото враќање се очекува во наредниот месец.

Роналдо во договор со управата на репрезентацијата донесе одлука да не настапува на неколку натпревари во Лигата на нации по што доби големи критики.

Дури и УЕФА го предупреди Роналдо дека не смее на таков начин да го избегнува новото натпреварување.

Италијанските медиуми објавија дека Роналдо речиси сигурно ќе биде на репрезентативниот список за наредниот дуел на Португалија против Италија.

Натпреварот на двете селекции се играат на 17. ноември на „Сан Сиро“, а тоа ќе биде проблем за Италијанците.

Португалецот досега одигра 154 натпревари и постигна 85 голови.