Крос-кантри: Победа на Естберг во Давос


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Норвежанката, Ингвајлд Флугстад Естберг стигна до првата победа во сезоната од Светскиот куп во скијачко трчање, бидејќи победи на патеката од 15 километри во Давос.

Естберг која на ЗОИ во Сочи го освои тимското злато во спринт и индивидуално сребро во спринт, на целта стигна со време од 37:44.4 додека нејзината сонародничка Хајди Венг беше втора со 7.9 секунди заостанување.

Трето место заврши Криста Парнакоски од Финска со 16.7 секунди заостанување.

Во генералниот пласман во Светскиот куп во крос-кантри води Венг со 539 бодови додека Естберг е втора со 70 поени, а 3-та е Парнакоски со 417 бодови.