Кројф: Пеп беше блиску до клупата на Манчестер Јунајтед


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед и Барселона, Џорди Кројф смета дека Пеп Гвардиола бил блиску до потпис со Манчестер Јунајтед пред да се приклучи на Баерн Минхен во 2013 година.

Џорди Кројф, кој е син на легендарниот Јохан во моментов работи во Макаби Тел Авив, но ќе си замине од Израел по шест години поминати во овој клуб.

Во интервју за Скај Спортс Кројф изјави дека Јунајтед и Пеп веќе биле договорени, но тогаш од клубот се одлучиле да го донесат Дејвид Мојс, што на крај испадна како погрешен чекор.

„Отсекогаш мислев дека постои можност Пеп да го води Манчестер Јунајтед. Мислам дека имаше момент кога работите беа така подредени, тој беше подготвен, но Манчестер Јунајтед избраа друг.

Мислам дека ќе беше одличен за клуб како Манчестер Јунајтед. Не зборувам за сега, туку за пред пет-шест години. Постоеше период кога работите беа усогласени, но од  Јунајтед потоа се одлучија за друг избор“- коментираше Кројф.