Кулибали поласкан од интересот на Манчестер Јунајтед


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Калиду Кулибали истакна дека е среќен во Наполи и посочи дека нема проблем да остане во италијанскиот тим.

Сепак, централниот дефанзивец призна дека е поласкан од интересот на неколкуте големи клубови меѓу кои и Манчестер Јунајтед.

„Ѓаволите“ се споменуваат како следна дестинација за Кулибали кој засега останува фокусиран само на Наполи.

„Задоволен сум со тоа што тимовите ме следат, но јас сакам да покажам на теренот дека сум на одлично ниво, а тоа сакам да го правам и во иднина. Откако сум овде секогаш се обидувам да напредувам со Наполи. Имам голема  мотивација да продолжам вака“ –заклучи Кулибали.