Култните AC/DC или Аеросмит ќе бидат дел од големата свадбена церемонија на фудбалерот на Реал: Свадбата на легендарниот фудбалер ќе има и свои правила?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Изборот на бендот по локацијата е најважна работа кога организирате свадба, а Серхио Рамос одлучи да не штеди на бендот кој ќе свири на неговата венчавка.

Фудбалерот на Реал со својата идна сопруга Пилар Рубио одлучи на свадбата да повика еден од двата светски бенда.

Аеросмит или AC/DC ќе ја забавуваат публиката, како што јавуваат шпанските медиуми, а како што стојат работите, најверојатно тоа ќе биде Аеросмит.

Покрај тоа, оваа свадба ќе има и свои правила, сите гости ќе мораат да ги остават своите мобилни телефони на самиот влез за максимално да уживаат во свадбената веселба.

Одлично смислено, па дали некој од вас би направил ваква свадба?