Куп на Македонија – Вардар го потопи Пелистер, Струмица елиминирана од Гостивар


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Два натпревари се одиграа од 1/8 финалето во купот на Македонија.

Кошаркарите на Вардар го декласираа Пелистер со 108:54.

После првата четвртина Вардарци имаа водство, 25:13. На полувреме кошаркарите на Вардар заминаа со огромна предност од 32 поени, 56:24. Доминација на скопскиот клуб и во третата и четвртата четвртина за конечни 108:54.

Калов со 20 поени беше најефикасен кај Вардар. Адекунле и Митков постигнаа по 18, Робев 16, Србиновски 13, а Зекири 10 поени. Кај Пелистер најефикасен натпреварот го заврши Голубовиќ, 12 поени. Илиевски и Давков постигнаа по 11 поени.

 

Гостивар изненадувачки ја победи Струмица со 80:75.

Гостиварчани после десет минути игра имаа водство од три поени, 22:19. Кошаркарите на Струмица во втората четвртина беа подобри и на полувреме се замина со 37:37. Подобриот финиш на Гостивар му донесеше водство од шест поени пред последните десет минути од натпреварот, 61:55. Кошаркарите на Гостивар пред последната минута од натпреварот имаа четири поени предност, 74:70. Гостиварчани ја задржаа предноста до крајот на натпреварот и победија со 80:75.

Димитриески го предводеше Гостивар до победа со 28 поени. Серафимовски додаде 12 поени. Богоев беше најефикасен во тимот на Струмица со 19 поени. Јокиќ додаде 16, а Брчков 10 поени.