Куртоа си ги пакува куферите, Челси подготви 70 милиони за нов голман!?


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Тибо Куртоа најверојатно ќе замине од „Стемфорд бриџ“, па потребно е да се најде неговата замена.

Челси се надева дека со понуда од 70 милиони евра ќе ја убеди Рома да се откаже од Алисон, кој имаше две фантастични сезони во Рим и сега може да бира во кој клуб сака да заигра.

За 25-годишниот голман на Рома се заинтересирани и Ливерпул и Реал Мадрид, но и покрај тоа чудна е изјавата на спортскиот директор Мончи, кој кажа дека никој не испратил официјална понуда за него.

Ќе биде ова долго лето за Алисон, кој најверојатно не размислува за нов клуб, туку за успех со репрезентацијата на Мундијалот во Русија.

Челси тешко дека ќе го победи Реал Мадрид во борбата за голман, доколку претседателот на „кралевите“, Флорентино Перез го посака Алисон на нивниот гол.