Курт Зума уште во јануари се сели во Италија?


    Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


    Како што пренесува „Football Italia“, Курт Зума уште во јануари би можел да ја замени Англија со Италија. За неговите услуги е заинтересиран Наполи кој бара замена за Албиол.

    Зума се врати на теренот по повредата која ја заработи во февруари, а Наполи бара замена за Раул Албион кој има проблеми со повредите, па како добар кандидат е именуван Зума.

    22-годишниот играч има договор со Челси до летото 2019. година. Зума е роден во Франција, а кариерата ја започна во Сент Етјен. Во Челси пристигна во 2014. година и запиша 38 настапи постигнувајќи еден гол. За репрезентацијата на Франција одигра два натпревари.