Кутроне би можел да си замине од Милан и да се пресели во Премиер лигата


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Медиумите во Италија пренесуваат дека младиот фудбалер на Милан, Патрик Кутроне би можел да направи трансфер следното лето и кариерата да ја продолжи во Премиер лигата.

Наводно интерес за него имало од таборот на Тотенхем кој го гледа 21 годишниот Италијанец како перфектна „бек-ап“ опција за Хари Кејн. Кутроне би пристигнал на „Вајт Харт Лејн“ и како можна замена за англискиот напаѓач, но за во иднина бидејќи „Петлите“ не планираат да го продадат Кејн во летниот преоден рок.

За играчот кој сезонава има постигнато девет погодоци за клубот од „Сан Сиро“ интерес постои и од Борусија Дортмунд.

Сепак, доколку Милан се пласира во Лигата на шампионите, Кутроне ќе ги одбие понудите на Тотенхем и Борусија со цел да остане во Милан.