Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓
Угледниот шпански весник, Мундо Депортиво на крајот на 2018. година пласираше интересена, но брзо се испостави и лажна вест врзана за Џерард Пике.
Новинарите на овој весник, донесоа „екслузива“ дека Пике ќе се прости од фудбалот на крајот од следната сезона, а потоа ќе стане претседател на Барселона.
Откриени се и измислените планови на Пике околу себе да ги собере некогашните соиграчи, Пујол, Чави и Иниеста на кои би им дал одредени функции во клубот, а најсмешно звучи идејата стадионот да се преименува во „Вака Вака Ноу Камп“ по познатата песна на неговата сопруга Шакира.
И така целиот свет ја сфати приказната на Мундо Депортиво, кои ја пренесоа шеговитата вест објавена на „Ел Диа де лос Сантос“ на 28. декември.
Ел диа лос Сантос во Шпанија е ден кога се случуваат шеги на друга сметка, нешто што нам ни претставува 1. април.
Поради големите узбуни кои се подигнаа околу Пике и неговите наводни чекори кои ќе следат се огласи и Мундо Депортиво, кој на крајот мораше да им се објаснува на своите читатели дека станува збор за обична шега.