Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ракометарите на Барселона очекувано се шампиони во Копа дел реј откако во финалниот натпревар славеа над Ла Риоха со 34:29.
Финалето во шпанскиот куп беше последен натпревар во дресот на Барселона за нашиот Кире Лазаров.
Како што е познато од поодамна Лазаров се договори со Нант, а на неговиот проштален натпревар за Барса постигна три погодоци.
Креатори на заслужената победа на „Каталонците“ беа Раул Ентрериос кој постигна седум погодоци, и Нгесан кој шест пати се запиша во листата на стрелците.
На крајот при доделувањето на пехарот за победникот, капитенот на Барселона, Виктор Томас му дозволи на Кире прв да го подигне заслужениот трофеј.