Лазаров со шест погодоци и ја донесе 18-та победа во Асобал, Борко не настапи против Ла Риоха


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ракометарите на Барселона ја победија Ла Риоха на домашен паркет во натпревар од 18-то коло, 28:24.

После првите триесет минути игра резултатот беше израмнет, 11:11. Во второто полувреме каталонците беа подобри и на крајот победија со 28:24.

Кире Лазаров со шест погодоци ја предводеше Барселона до победа. Борко Ристовски не настапи на денешниот натпревар.

Барселона денес ја запиша 18-та победа во Асобал лигата на исто толку натпревари. За гостите ова беше четврт пораз, втор во низа.