Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонија ќе се бори за позиција од 13. до 16. место на Светското првенство, откако денеска не обезбеди пласман во втората фаза од натпреварувањето поради денешниот пораз против Исланд.
Капитенот Кире Лазаров постигна пет голови, но призна дека не сме имале ждрепка за групата на Мундијалот.
„Одигравме квалитетно против Исланд. Не се посрамотивме во овие пет натпревари против ниту еден противник. Немавме среќа ниту во ждрепката за групата. Кажав и претходно дека ќе биде светско чудо ако се пласираме во втора фаза. Многу деца влегоа во нашата репрезентација без никакво искуство. Дојдовме со детска градинка, но за тие млади играчи имам само позитивни оценки. Треба да се охрабрат, треба да им се даде ветар во грб и гарантиран дека Македонија, доколку продолжи да се работи вака, не треба да се грижи за својата иднина“, кажа Лазаров.