Лазаров ќе го засили Бешикташ


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонскиот ракометен репрезентативец Филип Лазаров ќе биде нов играч на Бешикташ откако доби спогодбен раскин на договорот.

Лазаров по една година помината во Темишвар од Романија се врати во македонското првенство во дресот на Пелистер, но по финансиските проблеми на битолскиот клуб играчот доби спогодбен раскин на договорот.

Во следните денови искусниот Лазаров треба да се стави на располагање на тимот на Бешикташ каде настапува уште еден македонски репрезентативец, Немања Прибак.