Лампард: Челси? Глупаво е сега да размислувам за тоа


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како еден од потенцијалните кандидати за клупата на Челси се споменува и легендарниот фудбалер на овој клуб Френк Лампард (40).

На тимот од Лондон во последно време не му оди баш најдобро во првенството, па ова ги поттинка гласините дека Маурицио Сари би можел наскоро да стане поранешен тренер на Плавите.

Сепак ваквите гласини од друга страна не го оптеретуваат Лампард, кој моментално е на клупата на Дерби Каунти во Чампионшип, што е негов прв тренерски ангажман.

„Сите знаат дека во Челси имав успешна и долга кариера, но не размислувам сега за некој друг клуб, кога конечно добив шанса. Би било глупаво. Размислувам само околу тоа како да успеам во клубот кој ми даде прилика и како Дерби да биде успешен“, истакна Лампард.

Легендардниот англиски фудбалер во Челси играше од 2001. до 2014. година, а во тоа време со Плавите освои 13 трофеи и до ден денес е еден од најобожуваните фудбалери помеѓу навивачите.

Покрај Лампард, се шпекулира и за Зидан кој е без работа откако го напушти Реал Мадрид.