Лас Палмас се надеваше на шпанецот, но се појави англискиот гигант


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хесе Родригез ќе го напушти ПСЖ во јануарскиот преоден рок.

Шпанскиот фудбалер не се прослави во дресот на парискиот клуб по доаѓањето од Реал Мадрид, па извесно е дека ќе си замине.

На него се надеваше Лас Палмас, но како што работите стојат од трансферот во овој клуб нема да биде ништо.

Работата им ја расипа англискиот гигант Ливерпул кој сериозно е заинтересиран за доведување на 23-годишниот фудбалер.

Опцијата на трансфер на Енфилд е отворена, па Хесе во јануари можеме да го видиме во дресот на црвените.

На 14 натпревари оваа сезона за ПСЖ, Хесе постигна 2 погодоци.