Лацио одби богата понуда од Кина за своја ѕвезда


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Најдобриот стрелец на Лацио, Чиро Имобиле доби понуда да го напушти римскиот клуб два дена пред завршувањето на преодниот рок во Италија.

Италијанските медиуми пишуваат дека Имобиле добил повик од Далијан Јифанг, кој за него бил подготвен да плати 60 милиони евра.

Лацио без многу размислување ја одби таа понуда, а во тоа им помогнал Имобиле, кој бил против преселба во Кина.

Поради тоа, кинескиот тим ќе мора да бара на друго место, а како алтернативи се споменуваат Андреа Белоти и Диего Коста.