Лацио пронајде замена за Андерсон на Стенфорд Бриџ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бразилецот замина во Лондон, а токму од таму доаѓа негова замена.

Поранешниот играч на Барселона има уште една година од договорот со Плавите.

Лацио е спремен да понуди 25 милиони евра за неговите услуги, па оваа прилика се чини идеална за Челси, да заработат на неговата продажба.

Да потсетиме, Фелише Андерсон го напушти тимот на Наполи и кариерата ќе ја продолжи во Вест Хем, а Наполи заработија околу 40 милиони евра.

Идејата е за помалку пари да се пронајде адекватна замена, а покрај Педро, Лацио покажа интерес за Шакири кој заврши во Ливерпул.

Се чини дека Педро е најдобра и најреална опција. Ќе видиме што за ова мисли Маурицио Сари и неговиот стручен тим, како и управата на Челси.