Ла Лига ќе воведе награда насловена „Лео Меси“: Претседателот со безусловна поддршка


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас истакна дека му се допаѓа идејата за именувањето на награда во чест на легендата на Барселона, Лео Меси.

Според неговото мислење Лео Меси е „најдобар во историјата на фудбалот“, па поради тоа Тебас е отворен за идејата трофејот за најдобар играч на лигата да го носи името на Аргентинецот.

Петкратниот добитник на „Ballon d’Or“, е водечки стрелец во Ла Лига на сите времиња со 390 постигнати погодоци, а освен тоа е и деветкратен шампион на Шпанија.

Наградите на крајот од сезоната за најдобрите играчи доделувани од сезоната 2015/16 поради желбата за преобликување, а Тебас сака го покаже признанието на 31-годишниот фудбалер на ист начин како што се и дневните спортски весници кои ги именуваат наградите во чест на бившите легендарни играчи како што се Телмо Зара, Рафаел Пичини Морена или Рикардо Замора.

Запрашан за трофејот, Лео Меси, Тебас истакна:

„Ја сакам таа идеја, би морале да размислиме за неа. Мислам дека Меси ќе биде најдобвриот играч во историјата на фудбалот, за мене веќе е“.

„Некои луѓе зборуваат за Нејмар, но има веќе 26 години. Колку што се сеќавам, Меси почна да играч како младо дете, а се уште не изненадува. Чинам дека за него не постојат граници и дека игра на максимално ниво“.

„Мислам дека е фантастична идејата да се направи трофеј за најдобриот играч секоја сезона кој ќе се нарекува по Лео Меси. Ако е Зара за најдобар стрелец… мислам дека тоа е фантастична идеја“.