ЛеБрон го однесе Кливленд до лесна победа против Торонто!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кливленд во првиот натпревар од плеј-оф серијата благодарение на ЛеБрон Џејмс стигна до лесна победа од 116:105.

Кливленд го превземаа водството на стартот на натпреварот и го задржаа до крајот на натпреварот.

Торонто на почетокот на вториот дел се обиде да се врати во игра, но Џејмс одличнно одигра и не им дозволи да направат нешто посериозно.

Џејмс го водеше Кливленд до победа со 35 поени, 10 скокови и 4 асистенции, а Ирвинг постигна 24 поени, 2 скокови и 10 асистенции.

Кај Торонто најдобар беше Лоури со 20 поени, 11 асистенции и 2 скокови додека ДеРозан постигна 19 поени.