Леброн го сака Кармело во Лејкерси


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Според информациите кои пристигнуваат од најсилната кошаркарска лига во светот, Џејмс од раководството на Лејкерси побарал доведување на Кармело Ентони кој неодамна беше отпишан од Хјустон Рокетс.

Иако е отпишан од Хјустон, Мело е сеуште под договор со Рокетс, па после 15. декември ќе пробаат да го трејдуваат. Ако во тоа не успеат веројатно ќе му дадат отказ, па Ентони ќе може да си бира тим.

Леброн е голем пријател со Мело. Уште од средно училиште ова дуо води големи битки на паркетот, но никогаш не го погазија пријателството без обзир на ривалството.

Џејмс смета дека 34-годишниот Ентони и тоа како може да им помогне на Лејкерси до крајот на сезоната и сигурно дека тим кој би имал еден ваков играч во своите редови, додатно крие опасност по своите ривали.

Десеттократниот Ол стар играч стигна во НБА лигата исто кога и Леброн. Тој беше избран како трети пик во 2003. година од страна на Денвер Нагетс, а покрај тимот од Колорадо играше и за Њујорк Никс, Оклахома Сити, а летово потпиша за Хјустон Рокетс.

Кармело е еден од најдобрите стрелци во изминатите 15 години, а во кариеата има во просек од преку 24 поени по натпревар.