Леброн е 9-ти најдобар стрелец во историјата на НБА!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Еден од најдобрите кошаркари, Џејмс постигна 27 поени во победата на Кливленд против Мајами од 114:84, по што сега се наоѓа на 9-та позиција на најдобри стрелци на сите времиња во НБА.

Џејмс на 9-то место го помина Елвин Хејс, поранешниот играч на Сан Диего и сега има 27.315 поени.

Кошаркарот на Кливленд сезоната ја започна на 11-то место, но по одличните игри ги помина легендарниот Хаким Олајџувон, кој во НБА стигна во 1984 година.

Следен на листата на ЛеБрон е Мозес Мелоун, кој е на 8-то место со 27.409 поени.

Од активните играчи, на 6-то место е Дирк Новицки со 29.552 поени, 5-ти е Чемберлејн со 31.419, 4-ти е Мајкл Џордан со 32.292, трет е Коби Брајант со 33.643, Карл Мелоун со 36.928, а потоа Карим Абдул-Џабар со 38.387.