Леброн и неверојатниот Вестбрук се играчи на неделата


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Најдобриот кошаркар на Кливленд, Леброн Џејмс и плејмејкер на Оклахома, Расел Вестбрук беа прогласени за најдобри играчи на Источната и Западната конференција во НБА.

    „Кралот“ во првата недела од новата сезона го водеше тимот до максимални 3:0. Џејмс беше одличен со 21 поен, 10 скокови и 8.3 асистенции по натпревар.

    https://youtu.be/btZB-n5iRAI

    На Западот доминираше Расел Вестбрук, кој по заминувањето на Дурант во Голден Стејт, доби повеќе простор и слобода во играта.

    Одличниот организатор на играта во првите 3 натпревари во сезоната 2016/17 просечно постигнуваше 38.7 поени, 12.3 скокови и 11.7 асистенции.