Леброн лабаво се загрева, но главна тема е Брендон Инграм


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Полека, но сигурно во форма влегува првата ѕвезда на Лејкерси, Леброн Џејмс кој синоќа одигра 15 минути и забележа 18 поени, четири асистенции и три скока.

Меѓутоа, славата ја собра Брендон Инграм, момчето кое според многумина „новата голема работа во лигата„ уфрли 31 поен и десет скокви за само 18 минути игра.

Инересно е тоа што Инграм играше на позиција, разигрувач иако е висок 206 цм, класично крило.

Добар учинок кај Лејкерси имаа Кајл Кузма и Џош Харт кои уфрлија по 17 поени.

Кај Сакраменто, Марин Валгеј постигна 19 поени и 10 скока, додека Де’Арон Фокс уфрли 18 поени.

Главниот претендент за титулата Хјусон Рокетс беше поразен од Индијана Пејсерс со 110-100.