Леброн остана без награда: Џејмс Харден е МВП во НБА-лигата! (ФОТО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Бекот на Хјустон рокетс, Џејмс Харден е прогласен за најкорисен играч во НБА-лигата.

Харден сезонава беше најдобар кошаркар на Хјустон и својот тим го предводеше до финалето во Западот, каде што подобар беше Голден Стејт со 4-3.

Харден во конкуренцијата за МВП зад себе ги остави Леброн Џејмс од Кливленд и Ентони Дејвис од Њу Орлеанс.

„Последните четири години тропам на вратава и конечно сум тука. Ова ми значи многу, се обидувам од година во година да бидам сè подобар. Но, нема да сопрам бидејќи пред мене е долг пат“, кажа бекот на Хјустон.

Да потсетиме, Харден минатата сезона просечно постигнуваше по 29,5 поени, 5,3 скокови и 7,7 асистенции.