ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Леброн Џејмс и Кливленд кавалирс се потрошија во првиот натпревар од големото НБА финале, па од тогаш не успеаа да избегнат ниту еден пораз.
Голден стејт утринава победјиа со 108-85 и на тој начин стигнаа до 4-0 и нова титула во НБА-лигата.
Леброн Џејмс изгледаше уморно во натпреварот, а на момент не покажуваше ниту интерес. Сепак, успеа да ја заврши средбата со 23 поени, седум скокови и осум асистенции, но останатите соиграчи не беа добри, односно Кевин Лав постигна 13 поени, а Џеј-Ар Смит само десет.
Кај Голден стејт најдобар беше Стеф Кари со 37 поени, додека Кевин Дурант стигна до трипл-дабл, односно 20 поени, 12 скокови и 10 асистенции.