Лев го продолжи договорот со Германија


Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови? ↓↓↓


Селекторот на германската фудбалска репрезентација, Јоаки Лев го продолжи договорот со „панцирите“ до 2022 година.

Тоа значи дека Германецот и дефинитивно отпаѓа од можноста да го преземе тимот на Арсенал следната сезона.

Претходниот договор на Лев требаше да истече по крајот на 2020 година, а со новиот договор јасно е дека искусниот селектор ќе ја води Германија и на Светското првенство во Катар.