Лев повика дебитант и се „откажа“ од една од најголемите ѕвезди!


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Селекторот на Германија, Јоаким Лев го соопшти списокот на фудбалери на кои ќе може да смета на натпреварите против Сан Марино и Италија кои се играат на почетокот на ноември.

    Тоа што е најинтересно е тоа што на списокот го нема Озил. Лев на списокот повика еден дебитант, а станува збор за Серж Гнабри кој игра за Вердер.

    Голмани: Мануел Ноер, Бернд Лено, Марк Андре тер Стеген

    Одбрана: Боатенг, Герхардт, Хектор, Хенрикс, Ховедес, Хумелс, Кимик, Мустави, Руди, Џонатан

    Среден ред: Брандт, Геце, Горецка, Гундоган, Кедира, Крос, Мејер, Вигл

    Напад: Серж Гнабри, Марио Гомез, Милер, Воланд.

    Треба да се спомене дека натпреварот со Сан Марино е во рамки на квалификациите за СП, а натпреварот против Италија е од пријателски карактер.