Лев посочи тројца искусни репрезентативци кои немаат иднина во Германија


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Селекторот на репрезентацијата на Германија, Јоаким Лев кој ја доби поддршката од тамошната федерација по катастрофалното Светско првенство истакна дека тројца фудбалери немаат иднина во репрезентацијата.

Станува збор за Матс Хумелс, Томас Милер и Жером Боатенг, фудбалери за кои интернационалната кариера е готова.

„2019 година е година за нов почеток на германскиот национален фудбалски тим. Сакам да му се заблагодарам на Матс, Жером и Томас за успешните, неверојатните и уникатни години заедно. Сепак, сега во националниот тим треба да се постави насока за иднината. Сакаме да дадеме ново лице на репрезентацијата. Убеден сум дека тоа е правилен чекор“- коментираше Јоаким Лев.