Легендарниот Ван Перси става крај на богатата фудбалска кариера


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед и Арсенал, Робин Ван Перси ќе се пензионира по крајот на оваа сезона.

Тоа го изјави самиот фудбалер во интервју за холандскиот медиум „АД“ потенцирајќи дека уживал во сите 18 години кои ги поминал како професионален фудбалер.

„Кога ќе завршам? Нормално е да е по крајот на оваа сезона. Тоа ми беше и целта. Ќе имам 36 години и ќе бидам професионалец вкупно 18 години. Од пет години за мене постои само фудбалот. Ми беше многу забавно. Така сакам и да заврши“ коментираше Ван Перси.