Легендарниот Кантона го критикуваше Лестер!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Последна мета на Кантона беа фудбалерите на Лестер.

Кантона важи за личност која не внимава многу на зборовите, па откако изјави дека Енрике треба да го превземе Арсенал за да одмори, овој пат се наврати на Лестер.

„Деца, имам многу тажна приказна за вас. Еднаш одамна волшебник дојде во градот и претвори голем број полу-талентирани играчи во големи шампиони. Штом се појавија првите облаци, неблагодарните деца го протераа волшебникот. Предавници!“

„Лисици! Второлигашки фудбал или 17-то место во првенството – тоа сте вие. Имавте гигант и го протеравте.“

Лестер на местото на Раниери го постави Шекспир.