Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
На УФЦ спектаклот во Мелбурн минатиот викенд присуствуваше легендарниот Антонио Родриго „Минотауро“ кој одговараше на различни прашања на љубителите на овој спорт.
Еден фан го праша борецот која борба му била најтешка, а 40-годишниот Бразилец откри дека борбата со Мирко Кро Коп му била најтешка борба во кариерата.
„Борбата со Кро Коп во 2003. Тој ме тепаше цела рунда. Го погледнав тренерот, а тој ми рече да се обидам да не изгубам.“
„Ме испрати во нок-даун, но беше крај на рундата, па судијата не раздели. Седев пред него, а тој со својот тим славеше како да имаа победено во борбата. Но тогаш во втората рунда јас победив.“
„Минотауро“ по тешката прва рунда се врати во 2-та рунда и успеа да го победи Кро Коп, со што ја освои титулата во тешка категорија.