Легендарниот Реј Ален ја заврши кариерата


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    По 19 сезони, четири клубови, 2 титули и 2973 тројки во кариерата, тој конечно стави крај на истата.

    Во НБА стигна во 1996 година како петти пик на Минесота Тимбервулвс кои веднаш направија една од најголемите грешки во својата историја, се откажаа од него.

    Тие го пуштија Реј Ален во Милвоки за Марбери, бидејќи им беше потребен плејмејкер кој ќе му асистира на Кевин Гарнет.

    По неколку сезони, тој премина во Сиетл каде доби репутација на најдобар шутер во лигата.

    Првата титула ја дочека во 2008 година во дресот на Бостон во одлично трио со Гарнет и Пирс, а втората ја освои 5 години подоцна со Леброн Џејмс, Вејд и Бош.

    Токму тој беше еден од јунаците во финалната серија во 2013-та година, бидејќи на 5 секунди пред крајот на 6-от натпревар тој донесе израмнување и продолженија против Сан Антонио.

    И понатаму е прв на вечната листа на тројки, шутираше со импресивни 40% во текот на кариерата, а единствен кој може да го симне од тронот е Кари кој има 1300 тројки помалку.

    Минатото лето од НБА заминаа Коби Брајант, Кевин  Гарнет и Тим Данкан.

    https://youtu.be/fOqmjFlW6AY