Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Легендата на хрватскиот фудбал, Дарио Срна по цели 15 години го напушта тимот на Шахтјор и од денес треба да стави потпис на договор со тимот на Каљари.
Договорот на Срна со Шахтјор истекува на 30 јуни оваа година, а во Серија А ќе дојде како слободен играч.
За десниот бек постоеше сериозен интерес од грчкиот тим на ПАОК, но понудата на калчолигашот била и финансиски подобра, а Серија А секако е далеку поквалитетна лига од грчката, па затоа Срна се одлучил да се пресели во Италија.
Медицинските прегледи на играчот треба да се извршат во текот на денешниот ден пред и официјално да се комплетира трансферот на играчот.