Легендата му даде одличен совет на Џерард


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Легендарниот Стивен Џерард вчера објави крај на фудбалската кариера, но сеуште не одлучил кој ќе биде негов нареден чекор.

    Освен голем број честитки за се што направи во кариерата, Џерард во рекорден рок доби и неколку совети од кои се издвојува тој на Тиери Анри.

    Поранешниот играч на Арсенал му кажа на Џерард да не прави пауза од фудбалот.

    „Џерард не смее да се одалечи од фудбалот. Ја заврши кариерата, но ако ме прашувате мене, тој треба да продолжи да се занимава со овој спорт.“

    „Колку и да има легенди, луѓето брзо ќе ве заборават ако не останете во врска со фудбалот. Тоа на никого не е целта. Можеби треба да проба во тренерска улога, да научи нешто ново и да сврти нов лист во кариерата.“

    „Заминувањето на Џерард е голема загуба за фудбалот. Против него играв многу пати и секогаш максимално го почитував.“

    Анри моментално работи како помошник на Мартинез во репрезентацијата на Белгија.