Легендата на Арсенал „удри“ по Чилеанецот: Санчез е најголем платеник во историјата!

Поранешниот играч на Арсенал, Мартин Кион ја коментираше за медиумите актуелната ситуација за трансферот на Санчез кој остро го критикуваше поради одлуката да замине во Манчестер Јунајтед.

„Санчез е најголемиот платеник во историјата на фудбалот!“, вели Кион.

„Манчестер Сити е без сомнеж најдоброто место за неговиот напредок. Тој веќе работеше со Гвардиола и полесно ќе му беше да го достигне врвот“

„Но на него очигледно му е поважно да игра за повеќе пари. Затоа и ја прифати понудата на Ѓаволите.“

„На Михтаријан очигледно се гледаше колку Мурињо ја пренесува нервозата на играчите со својот говор на тело и им внесува страв и несигурност во играта.“