Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ромелу Лукаку беше јавно нападнат од страна на легендата на Манчестер Јунајтед, Гери Палистер поради тоа што во јавноста истакна дека сака трансфер во Јувентус.
Палистер кој имаше над 300 настапи во Манчестер Јунајтед истакна дека не е импресиониран од срамниот потег на Лукаку и потенцираше дека тоа што јавно кажа дека сака да оди во Јувентус е чин на непочитување и покрај кризната состојба на клубот.
-Немам се уште слушнато за тоа дека Лукаку истакнал дека сака трансфер во Јувентус, но ако тоа е вистина е срамно и мислам дека е чин на непочитување кога ќе почнеш да споменуваш други клубови кога си под договор со клубот во кој се наоѓаш- истакна Палистер за „888спорт“.