Легендата на „Росонерите“ открива: Таму немав шанса како играч, би сакал да добијам шанса како тренер


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Легендарниот холандски фудбалер, Кларенс Сидорф, денес работи како селектор на Камерун, а порача дека целта еден ден му е да предводи некој од екипата од Премиер лигата.

За потсетување, Сидорф со тренерската работа почна да се занимава во јануари 2014. година кога го презеде својот некогашен клуб од играчките денови, Милан, а потоа беше тренер во Кина како и Депортиво Ла Коруња пред да ја преземе клупата на Камерун.

„Кој не би сакал да работи во Премиер лигата? Никогаш не сум играл таму, па би сакал таму да работам како тренер. Тоа моментално е највозбудливата лига на светот и сигурно за мене ќе биде привилегија еден ден таму да работам“, порача Сидорф.

За потсетување исто така, тој како играч имаше прилика да игра во Холандија, Италија, Шпанија и Бразил, но не и на Островот.