Легендата на Челси доби неочекувана понуда!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Искусниот англиски фудбалер, Џон Тери, уште е без клуб откако на крајот на минатата сезона реши да го напушти тимот на Астон Вила.

Тери минатото лето потпиша за нив, откако го напушти Челси, но во клубот се задржа само една сезона, па сега имаше неколку интересни понуди, но уште нема одлучено каде ќе ја продолжи кариерата.

Англиските медиуми пишуваат дека Тери планира своја тренерска кариера и дека тоа му е приоритет, но уште не се збогувал со фудбалот.

Сепак, во „Скај спортс“ се надеваат дека ќе го убедат Тери да се откаже од тренерскиот ангажман и дека ќе им се приклучи на стручните коментатори на таа телевизија.