Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Матео Ковачиќ е констнтен во игрите на Челси во изминатите сезони.
Во 14 настапи во сите натпреварувања, со изминати 849 минути на теренот забележа само една асистенција.
Меѓутоа, исклучително е почитуван. И меѓу стучниот штаб и меѓу играчите. Тренерот на Челси, Маурисио Сари на почетокот на сезоната истакна дека тој е еден од најзаслужните за преродбата на Азар.
Во споредба со Цеск Фабрегас, легендата на Челси, Џо Кол го означи Матео Ковачиќ „класа за себе“.
„Цеск Фабрегас е голем играч, но Ковачиќ за разлика од него може од средината на теренот да направи вишок и да го исфрли од игра противникот. Така отвора простор за играчите како Вилиан, Азар и Педро кои полесно доаѓаат до топка. Знаеме дека Матео Ковачиќ не е играч кој од позицијата играч за врска ќе постигне многу погодоци. Меѓутоа, кога ќе го анализирате, можете да забележите дека лизга со топката. Матео Ковачиќ е класа за себе“, истакна некогашниот играч за врска на Челси и појасни зошто Матео Ковачиќ го смета за „клучен играч“ во фамозната Сари-бала на Сари.
„Има можност едноставно да пресече покрај противникот, како дух кој минува покрај нив и внесува голем немир во противничката задна линија. Мислам дека е клучен за начинот на игра на Челси. Фантастично ја поврзува одбраната и нападот. Се чини дека е еден од оние играчи чие значење ќе го увидите кога ќе го нема во игра“.
Во спротивност со комплиментите, англиските медиуми последните денови пишуваа дека Челси не намерува од Реал да го откупи договорот во тековната сезона бидејќи не ги задоволува стандардите на лондонскиот клуб.