Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Веќе е повеќе од сигурно дека Емре Чан ќе ја продолжи својата кариера во редовите на Јувентус.
Но, поранешниот напаѓач на „старата дама“ Џанлука Виали смета дека тоа трансферот на Чан не е најдобра одлука, и дека наместо него Јуве требало да го донесе Ракитиќ од Барселона.
„Емре Чан не ме убеди дека е играч за Јувентус. Не сум уверен дека би бил подобар од Кедира. Јувентус мора да ја засили средината на теренот, а Ракитиќ би бил подобро решение од Чан“- коментираше Вијали.
Други експерти пак сметаат дека Чан ќе биде идеален за Јувентус, а тоа што го донеле без да платат оштета ќе биде голем плус за клубот.