Легендата на Јунајтед ги предупредува „Гунерите“ да не се занесуваат со партиите на Волкот


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Крилниоот фудбалер е во одлична форма, а тоа го потврди и во мечот од Лигата на шампионите против Базел.

    Арсенал е во одлична форма, а едне од најдобрите во редовите на Топџиите секако е Тео Волкот.

    Оспорениот англискиот фудбалер ја пронајде „новата младост“ и постигнува голови се почесто.

    Конкретно, во пред минатата недела даде гол на Хал, во минатиот викенд постигна гол во лондонското дерби против Челси, а сега во ЛШ два пати ја тресеше мрежата на швајцарскиот шампион.

    Сепак, Рој Кин не е воодушевен од неговата форма и повика на внимателност кај навивачите на Арсенал кои веруваат дека Волкот може да ги одведе до бројуни успеси во оваа сезона.

    „Слушајте, тој имаше добра недела. Дечкото мора да се опушти. Да проба да одигра што подобро во наредните седум осум, девет месеци. Кога ќе дојдат навистина важните натпревари“, го почна своето излагање Кин.

    „Беа одлични против Базел, можеа да им дадат седум, осум, па и девет голови многу лесно, беше за уживање да се гледаат. Но важните натпревари доаѓаат во наредните месеци. Кога ќе ги сочекаат ладните ноќи. Не треба да се занесуваат со Волкот, им преостанува уште многу работа“, додаде легендарниот Ирец.