Легендата на Јунајтед жестоко го нападна Погба!

Легендарниот фудбалер на Манчестер јунајтед го критикуваше најскапиот фудбалер на Јунајтед.

Рој Кин секогаш бил без „влакна на јазикот“ кога станува збор за Манчестер јунајтед, а по испаѓањето од ЛШ од Севиља тој повторно го критикуваше Погба.

„Зборувавме за Погба повеќе пати. Тој не е единствениот проблем. Но ако не може да влезе во првите 11 тогаш сте во проблем. Влезе во игра и очекувате добар играч да има влијание на играта, но тој влезе и ништо не направи. Ист беше како дете од основно училиште“, вели Кин.