Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Зинедин Зидан благодарение на постигнатите резултати треба да ја задржи довербата кај управата на Реал, смета поранешниот фудбалер на тимот од Мадрид, Михаел Лаудруп.
Реал има 16 бодови помалку од Барселона во Примера, па се повеќе се зборува за отказ на Зидан.
Сепак, Лаудруп не заборава што направи Зидан во последните две години.
„Дојде во тешка ситуација, му успеа нешто што на никој претходно не му успеа во ЛШ, а тоа е да освои две титули по ред.“
„Исто така ја освои титулата во Примера пред Барселона. Освои се, а оваа сезона е поинаку, но тоа што го направи во минатите две години не треба да се заборави.“
Реал во моментов е во слаба форма и има само една победа на последните четири натпревари.