Легенда на Манчестер Јунајтед меѓу кандидатите за тренер на Астон Вила


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот легендарен напаѓач на Манчестер Јунајтед, кој девет години настапуваше и за Астон Вила, Двајт Јорк е кандидат за клупата на клубот од Бирмингем.

Јорк, кој во Астон Вила играше од 1989 до 1998 година ја поддал својата кратка биографија до клубот со цел да биде избран за наследник на Стив Брус кој завчера и официјално доби отказ од клубот.

Извршниот директор на Астон Вила, Кристијан Пурслоу ја води потрагата по нов менаџер на Астон Вила, а меѓу кандидатите покрај Двајт Јорк е и асистентот на Роберто Мартинез во белгиската репрезентација, легендарниот Тиери Анри.