Легенда на Манчестер Јунајтед предлага искусен стратег кој во минатото го носел дресот на „Ѓаволите“


Јосиф Дамјанов: Како да изградиш бренд што менува животи! 🚀💡 ↓↓↓


Сега кога Жозе Мурињо и официјално си замина, пред Манчестер Јунајтед е период на транзиција и прашање кој ќе го наследи „Специјалниот“.

Легендата на „ Црвените Ѓаволи“ Пол Инс смета дека добро решение за нов тренер би бил Стив Брус.

Инс вели дека новиот менаџер мора да биде човек со голем авторитет, кој ќе го почитуваат играчите и ќе го извлече најдоброто од нив.

„ Мора да биде тренер што разбира што значи да се биде во Манчестер Јунајтед, мора да биде човек што ќе биде почитуван.

Доколку се прашувам јас би го избрал Стив Брус денеска. Во моментов нема ангажман, беше во клубот седум или осум години. Беше добар и успешен менаџер.“ – изјави Инс.

Како еден од кандидатите што се спомнуваат е и Оле Гунар Солскер, но Инс мисли дека тоа не би било добро решение.

„Предлогот да Солскер го води Јунајтед за мене е одлична шега, тоа би било лудо.“ – дополни легендата на Јунајтед.