Легенда на Јунајтед се посрамоти: Солскјер не направи ништо посебно со клубот!


Само Португалија е сигурна, Белгија се тресе! ↓↓↓


Манчестер јунајтед игра како препороден по пристигнувањето на Оле Гунар Солскјер на тренерското место, па досега има „шест од шест“.

Норвежанецот го презема клубот во тешка ситуација, но сега го врати на вистинските патеки, а и покрај тоа Пол Инс смета дека Солскјер не прави ништо посебно.

Инс верува дека секој би можел да постигне такви резултати со екипата на „ѓаволите“, па доби многу критики од навивачите.

„Не смееме да мислиме дека Солскјер направил нешто неверојатно. Да бидеме искрени, во Јунајтед не можеше да биде полошо пред да замине Мурињо. Солскјер само ги смири фудбалерите, но тоа не значи дека тој е вистински човек за работата“, вели Инс.

Легендата смета дека Маурицио Покетино, тренерот на Тотнем, е вистинскиот човек за работа во Јунајтед.

„Според мене, само Покетино е вистинскиот човек за тренерската позиција во Јунајтед“, објасни легендата.