Легендите не сакаат да влезат во тренерските води: Дали Лампард и Џерард ќе играат во ист клуб?!


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Двајцата легендарни играчи за врска се враќаат од МЛС, а имаат многу понуди, но во овој момент ништо не се знае.

    Стивен Џерард има рок до понеделник да одговори на понудата на МК Донс, третолигаш кој сака да го види на клупата, но легендарниот капитен на Ливерпул сака да игра и наредната сезона.

    Донс добија „корпа“ и од вториот гигант, Лампард кој исто така по враќањето од Америка сака да игра. Лампард го викаат од Челси, но да започне тренерска раота, а го поврзуваа и со Кристал Палас.

    Се зборува дека Англија ја разгледува можноста да им понуди на легендарните играчи за врска работа во стручниот штаб.

    Но, јасно е и дека и едниот и другиот сакаат да играат фудбал.

    Вчера стана актуелна приказната за Њукасл. Бенитез би можел да ги ангажира и двајцата, а Њукасл верува дека без проблеми ќе избори пласман во ПЛ. А потоа, искуството на Џерард и Лампард би можело да биде важно за тимот од северот.

    Тоа би значело дека и двајцата би можеле да ги гледаме во најдобрата лига во светот.

    Џерард има 36 години, а Лампард 38.

    За легендарниот капитен на Ливерпул, освен Њукасл заинтересиран е и Селтик каде повторно би соработувал со Роџрес додека Лампард наводно има понуда од Брајтон, кој исто така се бори за ПЛ.