„Л’Екип“: ПСЖ потпиша договор со играч на Челси!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерот на Челси, Н’голо Канте, најверојатно ќе се пресели во екипата од Париз, откако денеска францускиот медиум објави дека Французинот, наводно, потпишал договор со ПСЖ.

Во моментов, преговорите со Челси биле на добар пат и се очекувала официјална потврда дека трансферот ќе се реализира за краток период.

Наводно, Челси бара 110 милиони евра за Канте, а тие пари ги нема ПСЖ во моментов, па ќе мора да продаде неколку играчи пред да се обиде да го купи Французинот.

Дали во овие шпекулации на францускиот медиум има вистина, најверојатно ќе видиме набрзо.