Леонардо го потврди доаѓањето на Пакета и коментираше за можното доаѓање на Ибрахимовиќ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Генералниот менаџер на Милан, Леонардо потврди дека има начелен договор со Фламенго за Лукас Пакета и го даде своето мислење за можното доаѓање на Ибрахимовиќ на „Сан Сиро“.

Играчот од средниот ред со офанзивни карактеристики ќе се приклучи на Росонерите во јануари за сума од 35 милиони евра, а се верува дека тој веќе ги минал медицинските прегледи во Бразил во текот на вчерашниот ден.

„Има многу што да се каже. Имаме основен договор со Фламенго, но трансфер периодот се отвора во јануари, што значи дека се уште треба да чекаме за трансферот да се официјализира. Во моментов тој е играч на Фламенго и има уште натпревари да одигра во овој тим“ –коментираше Леонардо кој потоа се осврна и на Златан Ибрахимовиќ.

„Нормално е да имаме лични конекции со него. Кога пристигнавме помисливме за неговото доаѓање, иако има 37 години“ –заврши Леонардо.